Дејвид Деида
Со светска репутација на остроумен и провокативен, признат како еден од духов- ните учители на нашето време, авторот на бестселери Дејвид Деида продолжува да го револуционизира духовниот и сексуалниот раст на мажите и жените. Неговите учења и дела за радикално практичната духовност на нашето време се рангираат меѓу најав- тентичните и најоригиналните придонеси за личниот и духовни- от раст што се тековно достапни. Меѓународно познат по неговите уникатни работилници за духовно растење и света интимност, Деида осмислил и развил исклучително ефикасна програма на трансформативни практи- ки кои вклучуваат духовно будење на умот, телото и срцето. Тој е коосновач на Интегралниот институт и предавал или спроведу- вал истражување на Медицинскиот факултет во Сан Диего при Универзитетот во Калифорнија, Универзитетот на Калифорнија во Санта Круз, Државниот универзитет „Сан Хозе“, Институтот „Лексингтон“ во Бостон и Политехничката школа во Париз. Деида е познат во светот како автор на стотици есеи, ауди- оснимки, книги, видеа и статии кои на виделина изнесуваат целосно интегрален пристап кон духовноста. Неговите книги се преведени на повеќе од дваесет и пет светски јазици и вклучени се во задолжителната литература на универзитетите и курсевите што се одржуваат во црквите и духовните центри, а се користат и како прирачници во работата на многу машки и женски групи низ целиот свет. Тие се сметаат за еден од најдлабоките извори на информации достапни за вистинска духовна трансформација.
За повеќе информации за книгите и работилниците на Дејвид Деида, посетете ја: www.deida.info