david-j-schwartz

Дејвид Џ. Шварц

Дејвид Џозеф Шварц (23 март 1927–6 декември 1987) е американски автор на мотивациски книги. Работел како професор на Државниот универзитет во Џорџија и почнал паралелно да работи како тренер за самопомош и животна стратегија. Подоцна ја основал својата консултантска фирма „Креативни образовни услуги“ (Creative Educational Services Inc) за развој на лидерството. Се смета за еден од пионерите во областа на мотивацијата и самопомошта, а неговото култно дело Магијата на големите соништа, објавено во 1959 г., се смета за своевидна класика.

1 book by this author: