Давид Лагеркранц
Давид Лагеркранц (1962) е писател и новинар кој живее во Стокхолм. Дебитира на книжевната сцена во 1997 година, со биографската книга за шведскиот авантурист Јеран Кроп. Во 2000 г. ја објавува биографијата на шведскиот пронаоѓач Хокан Ланс. Успева да се пробие со романот за математичарот Алан Тјуринг, Падот во Вилмслоу (Syndafall i Wilmslow), за кој во 2016 г. добива високи оцени од критиката. Негов најголем успех пред објавување на продолженијата на Милениум е биографијата на фудбалерот Златан Ибрахимовиќ, Јас сум Златан, од 2011 г. Книгата го доби најголемото шведско признание, наградата „Август“, како и наградата „Вилијам Хил“ за спортска книга на годината, и беше продадена во над милиони примероци низ светот. Во 2013 година добива понуда од издавачот на Ларсон, Агенцијата „Моглиден“, да го напише четвртиот дел од серијалот Милениум. Девојката во пајакова мрежа е објавена во август 2015 г. и речиси веднаш е преведена на 24 јазици низ светот, а Сони пикчрс во 2018 година ја пренесе на филмското платно. Истиот успех го постигна и петтиот дел од Милениум – Девојката што сакаше одмазда, објавен на 7 септември 2017 година.