david-meerman-scott

Дејвид Мирман Скот

Дејвид Мирман Скот е стратег на он-лајн-визионерството. Со своите програми има освоено голем број награди и придонел за остварување на повеќе од милијарда долари вредна глобална продажба на производи и на услуги. Чест гостин е на корпоративните збиднувања и на деловни конференции. Поголемиот дел од својата кариера, Скот ја има поминато во интернетските медиуми. Бил потпретседател за маркетинг на корпорацијата Њуз еџ и ги заземал челните позиции во делот на работењето со електронските медиуми на една од најголемите светски новинарски фирми Најт рајдер. Работел и како високопозициониран менаџер на една компанија за е-трговија, како брокер на бирото за тргување со хартии од вредност на Волстрит, работел во продажниот оддел на една консултантска фирма и глумел во јапонски телевизиски реклами. Водител е на семинарот Прагматичен маркетинг, заснован врз идеите изнесени во оваа книга, со што им помага на технолошките компании да станат пазарно ориентирани, користејќи интернетски стратегии. Дипломирал на колеџот Кенјон, живеел во Њујорк, Токио, Бостон и во Хонгконг и говорел на стотина деловни конференции и настани во повеќе од 20 земји на четири континенти. Погледнете го неговиот блог на www.webinknow.com

1 книга од овој автор: