deepak-chopra

Дипак Чопра

Дипак Чопра напишал триесетина книги преведени на повеќе од триесет и пет јазици, меѓу кои и многубројни бестселери според оценките на Њујорк тајмс, како од областа на белетристиката така и од областа на популарната наука. Роден е во 1947 година, во Њу Делхи, каде што завршува медицина на Индискиот државен институт по медицински науки. Подоцна специјализира ендокринологија, поточно невроендокринологија во Америка. Предава на медицинските факултети при Универзитетот Тафтс и Бостонскиот Универзитет. Директор е на Институтот за алтернативна медицина, кој се занимава со проблемите на дисциплината „медицина на поврзаноста ум-тело“ и човечкиот потенцијал при Центарот Шарп во Сан Диего. Истражувањата за медицината на умот и телото Чопра ги почнал откако во својата практика се сретнал со повеќе примери на спонтано оздравување на пациенти на кои им биле прогнозирани уште неколку недели живот. Денес тој успешно ги комбинира знаењата на ајурведата и на западната медицина во својата работа, што наоѓа одраз и во неговите книги: Создавајќи здравје (1987), Совршено здравје, Враќање на ришиите, Седумте духовни закони на успехот, Патот на љубовта, Книга на тајните, Душата на лидерот, Приказна за откровението, За што сте гладни, Супер гени, Вие сте универзумот (2017)... Благодарение на своите книги и видеа, Дипак Чопра стана култна фигура во алтернативната медицина

2 книги од овој автор: