Дилија Овенс
Дилија Овенс (1949) е американска авторка и зоолог. Родена е во јужна Џорџија, а животот го има поминато во дивина или во нејзина близина. Уште од мала ја сметала природата за вистински придружник и верен пријател. Студирала зоологија на Универзитетот во Џорџија, а докторирала при Калифорнискиот универзитет во Дејвис на тема однесување на животните.
Нејзиниот прв роман Девојката од мочуриштето неколку недели беше на врвот на Листата на бестселери на Њујорк тајмс. Ги има напишано и мемоарите Повикот на Калахари, Окото на слонот и Тајните на саваната, заедно со поранешниот сопруг, Марк, додека живееле во Африка проучувајќи го дивиот свет. Моментално живее на својот ранч во Ајдахо.