dimitar-bashevski

Димитар Башевски

Димитар Башевски е романсиер, поет, преведувач, издавач. Роден е во 1943 година, во Ѓавато, Битолско. Завршил Филозофски факултет на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје. Работел како новинар, постојан дописник од Атина и уредник, а потоа како издавач. Бил директор и главен уредник на издавачката куќа „Култура“ од Скопје, а сега е главен уредник на издавачката куќа „Слово“. Од 2000 до 2006 година бил претседател, а потоа почесен претседател на Македонскиот ПЕН-центар. Башевски е автор на следните дела: Туѓинец, роман, 1969; Враќање, роман, 1972; Раска, роман, 1974; Нема смрт додека ѕвони, роман, 1980; Една година од животот на Иван Плевнеш, роман, 1985; Куќата на животот, поезија, 1987; Сарајановскиот каранфил, роман, 1990; Дневникот на Ања, роман за деца, 1994; Привремен престој, поезија, 1995; Совладано време, поезија, 1998; Бунар, роман, 2001; Аголен камен, поезија, 2005; Братот, роман, 2007; Во дланката своја си гледам, поезија, 2010; Прозорци, роман, 2010; Белег. Сон, избор поезија, 2010; Прозорци, нова верзија, 2013; Мајсторот, раскази, 2013; Скршнувања, поезија, 2016; Круг, роман, 2017. Негови книги се преведувани и објавувани на англиски, чешки, романски, грчки, српски, турски, црногорски и албански јазик. За своето творештво ги има добиено наградите 11 Октомври, Рациново признание, Ванчо Николески, 13 Ноември и наградата Роман на годината за романот Бунар. Во 2002 година романот Бунар беше номиниран за меѓународната награда Балканика, додека книгата раскази Мајсторот беше во најтесен избор за меѓународната Његошева награда за 2015 година.

1 book by this author: