don-miguel-ruiz

Дон Мигел Руис

Дон Мигел Руис е мексикански автор, нагвал, шаман и учител според традицијата на старите Толтеци, еден од стоте духовно највлијателни луѓе на светот. Роден е на 27 август 1952 г., во Гвадалахара, рурално Мексико, како најмал во семејство со 13 деца. Пораснал покрај мајка курандер (исцелителка). Неговото семејство очекувало дека Мигел ќе го прифати вековното наследство на исцелител и учител и ќе продолжи да ги пренесува езотеричните учења на Толтеците. Наместо тоа, привлечен од модерниот начин на живеење, Мигел решил да заврши медицинско училиште. Неколку години работел како хирург заедно со своите браќа, но блиската средба со смртта при преживеаната сообраќајна несреќа му го изменила животот. Потресен од тоа искуство, почнал интензивно самоистражување. Се посветил на запознавањето на древната мудрост на своите предци, посветено учел од мајка си и завршил обука кај еден моќен шаман во мексиканската пустина. Неговиот дедо, кој во тоа време веќе го напуштил овој свет, продолжил да го подучува во соништата. Во согласност со традицијата на Толтеците, нагвалот ги води луѓето кон личната слобода. Дон Мигел Руис е нагвал од родот Витези на орелот и е посветен на пренесувањето на знаењето и учењето на древните Толтеци, преку своите книги и предавања. Во 1997 г. ја објавува Четири спогодби, која повеќе од една деценија е на листата бестесели на Њујорк тајмс. Следуваат Умешноста на сакањето, 1999; Огнениот круг (мудроста на Толтеците), 2001; Отаде стравот, 2004; Гласот на знаењето, 2004; Петтата спогодба, 2010 и други.

3 книги од овој автор: