donal-ryan

Донал Рајан

Донал Рајан е современ ирски писател. Роден е во Ненга, во грофовијата Типерери, во 1976 година. Завршил Правен факултет на Универзитетот во Лимерик. До 2014 година работел во Државната агенција за работнички права, а потоа решава да му се посвети целосно на пишувањето. Интересен е фактот дека неговите први два романа Срце на ветрот (2012) и Што се случи во декември (2013) биле одбиени 47 пати пред да бидат прифатени за издавање. Неговиот дебитантски роман Срце на ветрот ги освои Ирската книжевна награда за книга на годината, Наградата за дебитантско остварување на весникот Гардијан, Европската награда за литература во 2015 г., а влезе и во поширок избор за наградата Букер во 2013 година. Други негови дела се романите Само толку се знае (2016) и Од длабокото мирно море (2018). Во 2105 година ја објавува збирката раскази Завртување на сонцето. Живее во Каслтрој, Лимерик, со својата сопруга и нивните две деца.

0 книги од овој автор.