donald-trump

Доналд Трамп

Доналд Џ. Трамп е светски синоним за успех, кој ширејќи ги своите страсни интереси во областа на недвижнините, казината, спортот и забавата, постојано поставува нови стандарди на успешност. Луѓето долго ќе го памтат по реалното шоу, Изборот на Доналд Трамп – долгогодишниот телевизиски хит и по неговата омилена реплика: „Отпуштен си!“ Тој е еден од најпрепознатливите и најмоќните брендови во светот. Трамп е автор на бестселерите број 1 според листата на Њујорк тајмс: Уметноста на зделката, Како да преживеете на врвот, Како да се вратите на врвот и Како да се збогатите, како и на други книги што им го сменија и им го подобрија животот на милиони луѓе. Како страстен филантроп со години наназад, Трамп е вклучен во бројни граѓански и хуманитарни организации, и отсекогаш сметал дека придонесувањето за општеството дава чувство на значење и суштина во сечиј живот.

1 книга од овој автор: