dorota-maslowska

Дорота Масловска

Дорота Масловска, наречена вундеркинд на полската проза, е романсиер, драматург и новинар. Родена е во 1983 година, во Вејхерово. Романот Бело-црвен свет го напишала кога имала само 18 години. По објавувањето во 2002 година, тој е преведен на над 20 јазици, а само во Полска е продаден во над 200.000 примероци. Во 2005 година го објавува својот втор роман, хип-хоп поемата Кралскиот паун, со која го исмева сопствениот успех и начинот на кој е претставена во медиумите. Автор е и на три драмски текста, а во 2012 година го објави својот трет роман, Драга, ги убив мачките.

1 book by this author: