dr-julie-smith

Д-р Џули Смит

Д-р Џули Смит е клинички психолог, популарна авторка и блогерка, со приватна ординација во Хемпшир, Велика Британија. Родена е на 7 март 1984 година. Во својата десетгодишна работа како психолог им помогнала на многу поединци и двојки да ги надминат анксиозноста и депресијата и да стекнат самодоверба.

Од ноември 2019 година споделува видеа за теми поврзани со менталното здравје на ТикТок, каде што има над 4 милиони следбеници. Социјалните медиуми и платформи ги користи заради едукација за менталното здравје и воопшто за човековата благосостојба. Таа е вистински онлајн извор за совети за менталното здравје и за справување со најчестите проблеми во однесувањето и во врските.

Нејзината дебитантска книга „Зошто никој не ми го кажал ова порано“ беше бестселер во 2022 година и веќе е преведена на неколку светски јазици.

Честа гостинка е во повеќе телевизиски и радиоемисии, како и на страниците на повеќе списанија.

1 book by this author: