eftim-kletnikov

Ефтим Клетников

Ефтим Клетников е поет, раскажувач, книжевен и ликовен критичар, есеист и преведувач. Роден е во с. Негрево, во 1946 година. Дипломирал на Филозофскиот факултет во Скопје, на групата Историја на книжевностите на Југославија со славистика, во 1969 година. Како стипендист на француската влада, остварил студиски престој во Париз (1979/80). Автор е на над 20 книги поезија и на неколку прозни и есеистички книги. Има изготвено неколку антологии на македонската поезија. Освен тоа, активно препејува од руски, француски, словенечки, српски, хрватски, словачки јазик. Добитник е на повеќе домашни и меѓународни книжевни награди. Поезија: Модер вир, Зраци и самраци, Окото на Темниот, Песни за Огнен, Икра и крило, Име од вечност, Гласови, Триок, Магновенија, Маж и жена со лице спроти ѕвездите, Прасјај, Троја. Поезија за деца: Кула со златно ѕвоно, Златна рипка, Море во сонот, 88 песни за месечината, Сончеви песни. Есеи и критика: Орион, Јатка, Во потрага по целината.

0 книги од овој автор.