eleanor-catton

Еленор Катон

Еленор Катон (Eleanor Catton, 1985) – новозеландска романсиерка, која е родена во Канада, каде што ги поминала првите шест години од животот. Завршува англиска филологија на Универзитетот во Кентербери во Крајтсерч, а магистрира на тема од креативното пишување на Меѓународниот институт за современа литература при Универзитетот „Викторија“ во Велингтон. Извесно време работи како професорка по креативно пишување на Универзитетот во Ајова, САД, а денес професионално се занимава со пишување. Уште со Проба (The Rehearsal), својот дебитантски роман од 2008 година, таа го привлекува вниманието на книжевната јавност во светот и освојува неколку значајни награди. Во 2013 година стекнува светска слава со својот втор роман, Небесни тела (The Luminaries), за кој ја добива престижната награда Букер. Катон е најмладата добитничка на оваа награда, а за Небесни тела има добиено и уште неколку значајни признанија. Досега нејзините дела се преведени во повеќе од дваесет земји.

1 book by this author: