eli-makazlieva

Ели Маказлиева

Ели Маказлиева е родена во Битола,поет, поет за деца, раскажувач,сопственик и уредник во издавачката куќа ЕДУКА МАК. Во Битола завршува основно и средно (гимназиско) образование. Високо образование завршува Скопје, на Универзитет Кирил и Методиј, на Филозофски факултет на Институтот за педагогија, како и постдипломски студии со што се стекнува со звањето Магистер по педагошки науки. По дипломирањето работи како воспитувач, училишен педагог, за поголемиот дел од работниот век да го помине како уредник и главен и одговорен уредник во издавачката куќа Прoсветно дело, Скопје 1987 - 2013 година. Последните години беше и вонреден професор, предавач на Универзитетот Американ колеџ во Скопје (УАКС), како професор по педагогија на студентите со наставна насока – англиски јазик. По долгогодишното искуство во пишувачката и издавачката работа, во 2013 година ја основа издавачката куќа ЕДУКА МАК и е Претседател на уредувачкиот и редакциски одбор во истата до денес. Била Претседател на Здружението на издавачи и книжарите на Република Македонија, од 2007- 2012 година. Член е на Друштво на писатели на Македонија. Во текот на своето работење, учествувала во реализацијата на многу работилници и проекти како координатор, тим лидер на меѓународни проекти, раководител. Учествува на многу меѓународни конференции и конгреси во земјата и странство а нејзините трудови се објавени во преку 40 зборници и меѓународни списанија. Добитник е на многу сертификати, признанија, благодарници, дипломи. Добитник е на повеќе награди на национално ниво како на пример: Награда „СТРУШКО ИЗГРЕЈСОНЦЕ“ за најдобра поетска книга за деца „ВЕСЕЛИ ПЕСНИ СО БУКВИТЕ ЛЕСНИ“ (2016); Награда за најдобра поетска творба за возрасни „ЕЗЕРОТО“ на ОХРИДСКИ ПОЕТСКИ БИСЕР (2018); Прва награда за најдобар краток расказ со наслов „Планина од полски цвеќиња“ од ОЖ на Општина Битола (2019); ТРИ НАГРАДИ за најдобри книги за деца во 2018 година, на ОХРИДИЈАДА 2019; Награда за печатење на поетската книга за возрасни „ ЗДИВОТ НА СТРАСТА“ на Дата песнопој (2020) и други.

2 books by this author: