elif-shafak

Елиф Шафак

Елиф Шафак е повеќекратно наградувана британско-турска авторка и една од најчитаните писатели во Турција. Пишува на турски и англиски јазик и има објавено седумнаесет книги, од кои единаесет се романи. Нејзините дела се преведени на педесет јазици. Шафак е доктор на политички науки и предава на неколку универзитети во Турција, САД и Обединетото Кралство, вклучувајќи го колеџот Сент Ен при Универзитетот Оксфорд, каде што е почесен професор. Членува во Советот за глобална агенда за креативна економија при Светскиот економски форум и е една од основачите на Европскиот совет за меѓународни односи. Поборничка за правата на жените, правата на ЛГБТ заедницата и слободата на говор, Шафак е инспиративен јавен говорник и двапати има држено говор на конференција ТЕД Глобал, обата проследени со овации. Шафак пишува за многу познати списанија од светот и има добиено Витешки орден за уметност и литература. Во 2017 година беше избрана од Политико за една од дванаесетте луѓе кои ќе го направат светот подобар. Била член на голем број жири-комисии за книжевни награди и е претседавач на жири-комисијата за наградата Велком 2019. Нејзини најпознати романи се: Копилето од Истанбул, Четириесет правила на љубовта, Чест, Чиракот на архитектот, Трите ќерки на Ева и други. Дознајте повеќе за Елиф Шафак на нејзината веб-страница: www.elifshafak.com

6 книги од овој автор: