elizabeth-j-kostova

Елизабет Костова

Елизабет Костова дипломирала книжевност на универзитетот Јејл, а магистрирала креативно пишување на универзитетот Мичиген, каде што ја добила наградата Хопвуд за „роман што се создава“. На почетокот на деведесеттите години се мажи за бугаринот Ѓорѓи Костов и своето презиме од Џонсон го менува во Костова. Историчарка е нејзиниот прв роман кој го пишувала цели десет години, не помислувајќи дека тој ќе и го промени животот. Но, токму тоа се случило: њујоршката издавачка куќа Little, Brown and Company, откога главниот уредник го прочитал ракописот, однапред ѝ плаќа два милиони долари за објавување на книгата. Многу бргу Историчарка станува светски бестселер, а Костова потпиша и договор со Sony Pictures Entertainment за снимање на филм според нејзиниот мега-хит.

1 книга од овој автор: