emilios-solomou

Емилиос Солому

Емилиос Солому е роден во 1971 година, во Никозија. Студирал историја и археологија на Универзитетот во Атина, а исто така и журналистика на Кипар. Извесно време работел како новинар, а денес е наставник во средно училиште по предметот Историја на Грција. Неговите раскази се објавени во списанијата Анеф (΄Ανευ), Неа епохи (Νέα Εποχή), Ин фокус (In focus) и Мандрагорас (Μανδραγόρας). Некои од нив се преведени на англиски јазик. Објавил три прозни дела – Плашило (2000), Прелета брзо како врапче (2003) и Секира во твоите раце (2007 г.). За ова дело Солому ја доби и Државната награда за литература на Кипар.

1 book by this author: