emily-st-john-mandel

Емили Сент Џон Мандел

Емили Сент Џон Мандел е родена во 1979 година, во Канада, на островот Денман, на западниот брег од Британска Колумбија. На осумнаесет години се запишува во Школата за танцов театар во Торонто за да го проучува современиот танц. Кратко живеела во Монтреал, пред да се пресели во Њујорк, каде што живее и денес. Станица Единаесет е нејзиниот четврт и најуспешен роман. Објавен е во 2014 година и за него ги добива наградата Артур К. Кларк и Книжевната награда на Торонто. Другите нејзини романи се: Синоќа во Монтреал (2009), Пиштолот на пејачот (2009) и Квартетот Лола (2012). Нејзините раскази и романи се објавени како дел од многу собрани дела, меѓу кои посебно се истакнува Најдобри американски мистерии од 2013 година.

3 books by this author: