emma-donoghue

Ема Донахју

Ема Донахју е современа ирско-канадска авторка. Родена е во 1969 година, во Даблин, од кој двапати емигрира. По завршувањето на католичка гимназија во Даблин, во 1990 година дипломира Англиска и француска филологија на Универзитетскиот колеџ во Даблин и како најдобра во класата ја добива студентската стипендија „Роберт Гарднер“ за периодот 1990 – 1993. Во 1993 година ја одбранува докторската дисертација по англиска литература на Кембриџ, на тема пријателството меѓу мажите и жените во литературата од 18 век. Истата година ја издава и својата прва документарна книга, Passions Between Women. Потоа се преселува во Лондон, Онтарио, Канада, каде што живее со својата партнерка и нивните две деца.

Донахју мигрира и меѓу жанровите, пишува литературна историја, биографии и сценски радиодрами, како и бајки и раскази. Најпозната е по своите романи, чии теми се движат од историски (The Wonder, Slammerkin, Life Mask, Landing, The Seled Letter) до современи (Akin, Stir-Fry, Hood). Нејзиниот меѓународен бестселер Соба, кој беше книга на годината на Њујорк тајмс за 2010 година, беше финалист за Букеровата награда, за Наградата на Комонвелтот и за наградата Оринџ. Нејзината екранизација, во режија на Лени Абрахамсон, беше номинирана за четири Оскари.

За повеќе информации, посетете ја нејзината веб-страница https//www.emmadonoghue.com.

1 book by this author: