emma-farrarons

Ема Фараронс

Ема Фарарон е француски илустратор и графички дизајнер. Родена е на островот Себу на Филипините, а пораснала во Париз. Учела илустрација на Колеџот за уметност во Единбург и на Националниот универзитет за декоративна уметност во Париз. По завршувањето на курсот по текстил и изработување принтови на школата Капелагорден во Шведска, кај неа се родила голема љубов кон шарите и текстилните принтови, за кои црпи инспирација од францускиот, скандинавскиот и јапонскиот дизајн. Илустрира и дизајнира книги, постери и канцелариски материјали. Кога не црта и не дизајнира, Ема ужива во готвењето, шиењето, патувањето и практикувањето вежби за присутност. Живее во Лондон, со својот сопруг Данец.

1 book by this author: