emma-klein

Ема Клајн

Ема Клајн е американска романсиерка. Родена е во 1989 година, во Калифорнија. Почнала да пишува во средно училиште. Нејзините кратки раскази се објавени во голем број книжевни списанија, меѓу кои „Њујоркер“ (The New Yorker), „Тинхаус“ (Tin House), „Гранта“ (Granta) и „Парис ривју“ (The Paris Review). Во 2014 година ја добива наградата Плимптон прајз на „Париз ривју“ (Paris Review Plimpton Prize) за дебитантско дело. Наградената новела Мерион излегува од печат во 2016 година. Истата година го објавува и својот прв роман, Девојките, со кој стекнува интернационална слава. Романот за кусо време е преведен на 35 јазици. Во 2017 година литературниот магазин „Гранта“ ја вбројува во листата Најдобри млади американски романсиери (Granta’s Best Young American Novelists). Клајн студирала уметност. Студиите ѝ извршиле големо влијание врз начинот на изразување сосредоточен на пренесување на сопствената идеја пред публиката. Кога е во прашање нејзиниот пристап кон пишувањето, таа својот книжевен израз го насочува кон прикажување на сопствените размисли за светот на начин пристапен за другите. Инспирацијата ја црпи од она што таа го нарекува „алтернативни нарации на девојчинството“, како го доживуваме минатото и на кој начин сме заробени во него. Преку ликовите Клајн сака да ја прикаже комплексноста на човековата психа, постапките на луѓето за кои често и самите не ја знаат причината. Ема Клајн вели дека токму таа мистерија е важен мотив во нејзиниот процес на пишување, мистерија која не дозволува јасен морален заклучок, исто како што е и во животот.

1 книга од овој автор: