eric-Emmanuel-schmitt

Ерик-Емануел Шмит

Ерик-Емануел Шмит (1960) е француско-белгиски романсиер, филозоф, драматург и режисер. За две децении станал еден од најчитаните автори чии драми постојано се поставуваат на сцените во над 50 земји во светот, а неговите книги се преведени на 46 јазици. Според статистиките, Шмит е најизучуван современ автор во светот.

Признат од публиката и критичарите, за своето творештво има добиено многу награди, од кои како најзначајни се издвојуваат наградата „Молиер“, што ја освојува неколкупати, и Гран-при од Француската академија.

Роден е во семејство на професори по физичко образование; неговите родители имале високи достигнувања во областа на спортот – татко му бил шампион на Франција во бокс, а мајка му во брзо одење. Пораснал во атеистичко опкружување и со години се изјаснувал како агностик, но подоцна го прифатил христијанството. Уште мал свирел на пијано и сакал да стане композитор. Но кога еден ден мајка му го однела на претставата „Сирано де Бержерак“ со Жан Маре, театарот му станува нова страст и мечтае да стане драмски писател. По долги подготовки за да се запише на некои од елитните француски универзитети, го поминал приемниот испит на Вишата нормална школа, позната по строгата селекција на 62 студентите. Докторирал на тема „Дидро и метафизиката“. Потоа три години предавал филозофија во Шербур и Шамбери.

Се прославил како сценарист за театарски претстави. Неговата дебитантска пиеса „Ноќ во Валона“ била играна во периодот 1991-1992 во Франција и во странство. Неговиот пробив во театарот се случува со претставата „Посетителот“, заснована врз дијалог меѓу Зигмуд Фројд и Господ. За неа добил три од најпрестижните француски награди за театар „Молиер“, за глума, за најдобар автор и за најдобра претстава. Во прозата е најпознат по циклусот „Невидливиот“, серијал од шест романи за детството и спиритуалноста, од кои најпознати се „Миларепа“, „Господин Ибраим и цветовите од Коранот“ и „Оскар и дамата во розово“. Овие негови дела се под големо влијание на светските религии што се негов предмет на интерес. „Господин Ибраим и цветовите на Коранот“ е награден со германската награда за белетристика во 2004 година. Охрабрен од интернационалниот успех на неговиот прв филм „Одет Тулемонд“ („Odette Toulemonde“), во 2009 година ја адаптирал „Оскар и дамата во розово“ за филмското платно. Други познати романи му се „Сектата на егоистите“, „Евангелие според Пилат“, „Одисеј од Багдад“, „Жената со огледалото“, „Папагалите од плоштадот Арецо“, „Љубовен еликсир“, „Мојот живот со Моцарт“ и други.

Од 2012 година е член на Кралската академија за француски јазик и литература на Белгија, каде што денес живее и твори.

4 books by this author: