eric-faye

Ерик Фај

Познатиот француски романсиер Ерик Фај, релативно млад (роден 1963) се здобива со книжевна слава и тој денес е автор на голем книжевен опус (над дваесетина романи, есеи и др.). Поголем дел од својот работен век го минува како новинар на новинската агенција „Ројтерс“. Во 2010 година е добитник на престижната награда за „Роман на годината“ на Француската Академија. Признанието го добивa за романот „Нагасаки“. Тој е добитник и на други книжевни награди, меѓу кои за позначајна се смета онаа на УНЕСКО-ГАЛИМАР во 1999 година.

Ерик Фај не само што со своето оригинално романескно творештво, со длабок интелектуален засек и распространета читливост ја има оправдано довербата на големите издавачи како Gallimmard, Seuil, Fayard, Stock, Corti… туку има посебно место меѓу култивираните француски читатели. Тој е објавуван на многу јазици во светот како исклучителна појава во новата француска литература.

1 book by this author: