erich-fromm

Ерих Фром

Роден на 23 март 1900 година, Ерих Фром растел во ригорозно религиозна еврејска семејна атмосфера. Адолесцентскиот скептицизам ќе го доведе до радикална сродност со ставовите на младиот Маркс, формулирани во имеративот „Критика на сè што постои“. Систематски ќе се концентрира на марксизмот, а еден трагичен настан (самоубиството на блиска пријателка) го насочува кон психијатријата, особено кон Фројд. Главно е интелектуално ориентиран, а добар дел од животот ќе помине во академското средиште на Германија – Франкфурт и Хајделберг. Студирал филозофија и социологија, а меѓу 1924 и 1930 година се оспособувал за самостојно водење на психоаналитика практика. Постапно го оформувал сопственото психоаналитичко стојалиште, со значајни разлики и зголемена дистанција кон Фројд, главно под влијание на зен-будизмот. Бил во најтесна соработка со „Франкфуртската школа“, така што во 1930 ќе биде избран за доживотен шеф на Социјално-психолошкото одделение на франкфуртскиот Институт за социјални истражувања. Четири години подоцна емигрирал во САД, а во 1949 година заминал во Мексико, каде што работел како универзитетски професор во истоимениот град. По пензионираwето се преселил во Швајцарија, каде што и починал, пет дена пред својот осумдесетти роденден.

1 книга од овој автор: