erich-maria-remarque

Ерих Марија Ремарк

Ерих Паул Ремарк е роден во Оснабрик, во работничко семејство. На осумнаесетгодишна возраст заминува на фронт во Првата светска војна, каде што набргу е ранет. По војната, работи од сè по нешто, вклучувај}и и библиотекар, учител, новинар и уредник. Во 1929 година, Ремарк го објавува романот На запад ништо ново, под името Ерих Марија Ремарк - средното име го менува во спомен на неговата мајка. Овој роман веднаш му носи слава, а истата антимилитаристичка и антивоена тема се провлекува и во другите негови дела. Во 1933 година, нацистичкиот режим ги забранува неговите дела, започнува кампања дека тој води потекло од француски Евреи и го лишува од германското др`авјанство. Во 1939 мигрира во Америка со својата прва жена и станува полноправен американски граѓанин. По војната тој се вра}а во Швајцарија, а во 1958 година се преженува со холивудската актерка Полет Годар. Меѓу неговите позначајни дела се: Тројца другари, Црниот обелиск, Ноќ во Лисабон, Време за живот и време за смрт, Сенка во рајот, преведени дури на 58 јазици. Во негова чест, од 1991 година, неговиот роден град Оснабрик ја доделува книжевната награда за мир „Ерих Марија Ремарк“.

1 книга од овој автор: