ernesto-sabato

Ернесто Сабато

Ернесто Сабато е роден на 24 јуни 1911 година, во Рохас, мало место блиску до Буенос Аирес. Тој е аргентински писател, физичар и сликар. Има напишано три романи: Тунел, Херои и гробови и Абадон, уништувачот. Покрај романите, пишувал и есеи: Човекот и универзумот, Луѓе и запченици, Писателот и неговите духови и дру- ги. Ја има добиено престижната награда за литература „Мигел де Сер- вантес“ во 1984 година. Во 2000 го објавува есејот Отпор, а во 2004 година Шпанија во дневниците на мојата старост. Умира на 30 април 2011 година, 55 дена пред да наврши 100 години, во Сантос Лугарес, каде што е и закопан.

2 books by this author: