etaf-rum

Итаф Рам

Итаф Рам е современа палестинско-аме- риканска романсиерка. Родена е на 8 мај 1989 година, во њујоршката населба Бруклин. Нејзините родители пораснале во бегалски камп во Палестина пред да емигрираат во САД. Воспитана во традиционален дух, таа рано се омажила, по што се преселила во Северна Каролина, каде што на 19 години ја родила својата ќерка, а по две години младото семејство добило и син. Растејќи ги децата, на Државниот универзитет во Кароли- на студирала англиски јазик и литература, филозофија и амери- канска и британска книжевност.

Нејзиниот прв роман Жената не е маж (2019) е слика на нејзиниот личен живот, но и на животот на арапската жена, осудена да го поминува безгласно во домот, грижејќи се за децата и семејството.

Итаф Рам живее во Северна Каролина, пишува и работи како професор по книжевност и инструктор по јога.

1 book by this author: