Федерика Боско
Федерика Боско е современа италијанска писателка и режисерка. Родена е на 25 септември 1971 година, во Милано. Проживеала многу тегобно детство, била пречувствителна, срамежлива личност и интроверт. За да го променат тоа, родителите ја праќале на балет, пијано, француски јазик, но сите тие обиди завршиле поради нервниот слом што го доживеала на 12 години. Со влегувањето во тинејџерскиот период и револуционерниот дух на осумдесеттите години, бунтовноста полека ја надминала срамежливоста.
Иако завршила Правен факултет, во 1992 ја напуштила Фиренца и почнала да патува низ светот како кореограф и аниматор учејќи ги различните култури. По пет години се вратила во свет во кој веќе не припаѓала. Со цел да биде независна, работела на повеќе позиции кои не ѝ се допаѓале – како туристички водич, продавачка во парфимерија и секретарка.
Со објавувањето на првата книга ѝ се менува целиот живот – доживува слава, а книжевните идеи стануваат незапирливи. „Смртно вљубена“, објавена во 2005 година, достигнала 18 резиданија за 2 години. Со книгата „СОС љубов“ била финалист за наградата „Банкарела“ и освоила второ место.
Во 2011 ја објавила „Вљубена во ангел“, која веднаш постигнала голема популарност. Во 2012 година, по објавувањето на „Луд по мене“, следувала филмувана верзија од книгата, во режија на Фаусто Брици. Во 2018 година ја објавува книгата „Ми велеа дека сум пречувствителна“.
Денес среќно живее во Рим, што е доказ за нејзината трансформација од човек со кршлив карактер до здрава индивидуа.