ferid-muhikj

Ферид Мухиќ

Филозоф, планинар, поет. Професор по филозофија на Филозофскиот факултет во Скопје, во пензија. Емеритус професор на Меѓународниот балкански универзитет (International Balkan University), Скопје. Како професор по покана (визитинг професор), предавал на универзитетите во САД, Франција, Малезија, Сингапур. Ферид Мухиќ е прв претседател на БАНУ (Бошњачката академија на науките и уметностите) и редовен член на Европската академија на науките и уметностите во Салцбург. Во период 2017 – 2021 бил пратеник во Парламентот на Република Македонија.

Фасцинацијата од планините, побудена на четиринаесетгодишна возраст на Шар Планина, го инспирирала во текот на следните 40 години активно да се занимава со планинарење, секогаш одново да им се восхитува на глетките од врвовите на сите македонски планини, како и од планинските врвови низ целиот свет – од Алјаска до Борнео. 

Со 17 години, бил најмлад судија за оценување на расата шарпланинци во тогашна СФРЈ. Бил коментор на првата и досега единствената докторска дисертација на темата посветена на расата шарпланинец, одбранета во 1992 година, на Универзитетот во Лион, Франција.

Досега објавил 52 книги. Објавувал прилози во стручни кинолошки ревии и магазини во СФР Југославија, Германија, Италија, САД, Бразил, Франција. 

1 book by this author: