florian-zeller

Флоријан Зелер

Флоријан Зелер (роден на 28 јуни 1979 година) е француски романсиер и драматург. Неговите дела се преведени на многу јазици. Добитник е на престижната француска награда за литература „Интералие“ во 2004 година, за својот роман Фасцинација со злото (La fascination du pire) и неколкупати на наградата „Молиер“ за своите драми. Според Гардијан, тој е „највозбудливиот драмски писател на нашето време“. Својот прв роман Вештачки снег Зелер го напишал кога имал дваесет и две години. Но третиот роман, Фасцинација со злото, го направил познато име во Франција. Книгата, која ја истражува врската на Западот со исламот, предизвика одредени контроверзии. Беше селектиран за наградата „Гонкур“. Неговата црна комедија Таткото (Le Père), која е на репертоарот на лондонскиот театар Вест Енд се вбројува во најдобрите драми на годината. Се смета за „најбараната нова драма во последната деценија“ и има добиено неколку награди во Париз, Лондон и Њујорк.

1 book by this author: