frederic-beigbeder

Фредерик Бегбеде

Фредерик Бегбеде е роден во 1965 година. Посетувал елитни училишта, а на 24-годишна возраст дипломирал на ценетата Школа за политички науки. Спротивно на очекувањата, не го продолжил школувањето, туку организирал забави и со пријателите го основал Клубот Какас. На 25-годишна возраст почнал да се занимава со различни работи: пишување, маркетинг, објавување на книжевни и монденски написи за разни списанија, од таблоидот Воаси, преку Пари мач до книжевниот додаток на Фигаро, специјализираниот магазин за книжевност Лир и популарниот урбан месечник Текникар. Исто така, водел и книжевен ТВ-магазин, бил хроничар и на популарната телевизиска емисија од областа на културата „Десен брег-Лев брег“, а соработник е и во емисиите за книжевност на Радио Франс ентер. Фредерик Бегбеде е контроверзна и контрадикторна личност, а бидејќи е денди, сака да ја одржува таквата слика за себе и не се колеба да изнесува автобиографски податоци во своите романи. Автор е на романите: Мемоарите на растроениот млад човек (1990), Одмор поминат во кома (1994), Љубовта трае три години (1997), Барби (1999), 399 (2000), Прозорци кон светот (2003), Романтичен егоист (2005), Помош, ве молам простете (2007), Француски роман (2009), Уна и Селинџер (2014).

7 книги од овој автор: