gary-chapman

Гери Чепмен

Гари Чепмен (1938) е американски психолог, брачен консултант и автор на многу бестселери за самоусовршување и заемопош, поврзани со бракот, семејството и односите со децата. Завршил антропологија на колеџот „Витон“, добил магистерски степен по религиозно образование и степен доктор по филозофија од Југозападната баптистичка богословска семинарија. По дипломирањето на Универзитетот на Северна Каролина, 36 години работи како брачен консултант во Винстон-Сејлем. Во 1979 година ја објавил својата прва книга Брак што напредува (Toward a Growing Marriage), со која станува познат. Во следните години широка популарност добива серијата книги Петте јазици на љубовта. Првата книга од оваа серија е издадена во 1992 година и е продадена во над 10 милиони примероци само на англиски јазик; преведена е на уште педесетина јазици во светот и е една од најпродаваните книги на „Амазон“. Автор е на над 20 книги за консултирање и самопомош. Некои од неговите попознати дела се: Петте јазици на љубовта (за мажи), Петте јазици на љубовта на децата, Петте јазици на љубовта на тинејџерите, Петте јазици на љубовта за оние кои не се во врска, Вашиот дар на љубовта, Како да бидете родител на своето возрасно дете, Другата страна на љубовта, Љубовни решенија, Пет знаци на семејство во кое владее љубов, Како до успешен брак, Надеж за разведените, Заветен брак. Гари Чепмен одржува семинари за бракот, семејството и меѓучовечките и љубовните врски насекаде низ светот. Освен тоа, има и своја радиоемисија која се емитува на околу 400 станици.

1 книга од овој автор: