george-orwell

Џорџ Орвел

Џорџ Орвел (25 јуни 1903 – 21 јануари 1950) е псевдоним на британскиот писател Блер Ерик Артур, еден од најпочитуваните англиски есеисти и романсиери од 20 век, политички и културен коментатор, темелен критичар на современото општество. Роден е во Мотихари, Бенгал, каде што татко му бил државен службеник. Во 1907 г. семејството се преселило во Англија. Во 1917 г. Орвел се запишал на престижниот колеџ во Итон, каде што соработувал со неколку списанија. Во 1922 г. се вратил во Индија и работел во Индиската империјална полиција во Бурма, но по пет години ја напуштил, огорчен од нејзините методи. Извесно време работел како пристаништен работник во Бурма, две години живеел во Париз, а потоа се вратил во Лондон, каде што работел како учител и продавач во книжарница. Од крајот на 1936 г. учествувал во Граѓанската војна во Шпанија, на страната на републиканците, каде што бил ранет. По две години бил примен во еден санаториум, но никогаш целосно не закрепнал. Во текот на Втората светска војна служел во Домашната гарда, а од 1941 до 1943 г. водел радиоемисија против фашизмот при Военовоздушните сили. Во тоа време објавувал статии во повеќе весници и списанија и бил литературен уредник во Трибјун, за кој пишувал политички и книжевни коментари. Орвел почнал да пишува во Индија. Првото дело, автобиографската проза Без скршена пара во Париз и Лондон, го објавил во 1933 година, во Европа. Следуваат Бурманските денови, романот Ќерката на свештеникот, белешките од Граѓанската војна во Шпанија Во чест на Каталонија, есеите Во внатрешноста на китот... Најпознати дела му се политичката алегорија Животинска фарма од 1945 г. и антиутопискиот политички роман 1984, објавен во 1949 година.

4 books by this author: