george-s-clason

Џорџ С. Клејсон

Џорџ Семјуел Клејсон (1847 – 1957) е роден во Луизијана, Мисури. Студирал на Универзитетот на Небраска. Служел во Армијата на Соединетите Држави за време на Шпанско-американската војна. Бил успешен бизнисмен. Ја основал компанијата за мапи „Клејсон мап компани“ во Денвер, Колорадо и го издал првиот атлас на патишта во Соединетите Американски Држави и во Канада. Во 1926 година го објавил првиот од серијата памфлети за штедливоста и финансискиот успех, користејќи параболи поставени во амбиентот на древниот Вавилон, како потврда на своите ставови. Нив банките и осигурителните компании ги дистрибуирале во голем број и така им станале познати на милиони читатели. Најпознат од нив е Најбогатиот човек во Вавилон, алегоријата која е наслов на оваа книга. Овие вавилонски параболи со текот на годините станаа современа инспиративна класика.

1 book by this author: