georgi-gospodinov

Георги Господинов

Георги Господинов (1968) е поет, романсиер и сценарист. Тој е најпреведуваниот бугарски современ писател, чии книги досега се преведени на повеќе од дваесетина јазици. На македонски се објавени книгите „Природен роман“, „И други приказни“ (и обете на Темплум), како и збирката песни „Балади и распади“ (Блесок), сите во превод на Никола Маџиров. Во последниве години авторот постигна успех и во САД, а позитивни рецензии за неговите дела излегоа во New Yorker, NY Times, Village Voice...

Неговиот најуспешен роман, „Физика на тагата“ (ИЛИ-ИЛИ, 2015) беше финалист на неколку европски и светски награди, меѓу кои: Premio Strega Europeo, Haus der Kulturen der Welt, Brücke Berlin Preis...

„И сè стана месечина“ засега е последната прозна објава на Господинов, чии книги читателската публика секогаш ги очекува со возбуда и трпки во ‘рбетот.

4 книги од овој автор: