georgii-vladimov

Георгиј Владимов

Георгиј Владимов (Георгий Владимов, 1931 – 2003) – руски романсиер, критичар, публицист. Роден е во Харков, во учителско семејство. Правен факултет завршил во Ленинград, а своите први текстови ги објавил како литературен критичар. Едно време работел како уредник во прочуеното руско списание „Руски мир“. Кога во 1975 г. на Запад излегува неговата книга Верниот Руслан, пишувана во 1963/65 г., исклучен е од Сојузот на писателите на СССР. Продолжил да објавува во странство, а кога поради тоа е покрената судска постапка против него, се преселил во Западна Германија, каде што работел како главен уредник на списанието „Граници“. Во периодот на перестројката, почнувајќи од 1989 г., неговите дела доживуваат и советски изданија. Во 1990 г. му е вратено советското државјанство, а во 2000 г. се населува во писателската населба Переделкино. Неговата прва повест Големата руда (Большая руда, 1961) се смета за едно од главните дела на „генерацијата на шеесеттите“. Во него е скицирана главната тема на идното творештво на Владимов – трагичната судбина на независните личности. Следуваат Три минути молк (Три минуты молчания, 1969), Шестиот војник (Шостий солдат, 1981), Не обраќајте внимание, маестро (Не обращайте внимания, маэстро, 1983).

1 book by this author: