gerbrand-bakker

Гербранд Бакер

Гербранд Бакер е современ холандски писател. Роден е на 28 април 1962 г. во Вирингервард. Студирал лингвистика и книжевност на Универзитетот во Амстердам. Титлувал филмови и емисии за холандски телевизии и пишувал колумни за неделникот Де гроне Амстердамер. Во 2006 се стекнал со работна дозвола за градинарство, неговата втора љубов. Автор е на драми, песни, сценарија, романи и книги за деца, од кои најпознати се Крушата цвета бело, Јуни и Обиколка, што ја освои наградата за преведена проза на британскиот дневник Индипендент во 2013 г. За својот дебитантски роман Горе е тивко во 2010 г. Бакер ја освои најпрестижната меѓународна награда за дело објавено на англиски јазик – Награда ИМПАК, што за прв пат му беше доделена на еден холандски автор. Романот освои и многу други признанија и награди, а во 2012 г. ја доживеа и својата филмска адаптација, во режија на Нанук Леополд.

1 книга од овој автор: