gjoko-zdraveski

Ѓоко Здравески

Ѓоко Здравески е роден 1985 година во Скопје. Дипломирал и магистрирал на Катедрата за македонска книжевност и јужнословенски книжевности при Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ – Скопје. Работел како лектор по македонски јазик на Филозофскиот факултет во Ниш, како уредник во издавачките куќи „Бегемот“ и „Темплум“, а како уредник соработувал и со интернет-порталите „Репер“, „Блесок“ и „Окно“. Од јуни 2014 до јуни 2018, заедно со Ана Голејшка, во „Менада“ ја организирал книжевната ѓурултија „Астални проекции“. Објавил четири книги поезија, сите во едицијата „Огнови“ на издавачката куќа „Антолог“: „Палиндром со две н“ (2010), „куќичка за птици-преселници“ (2013), „љубавина“ (2016) и „дедикар икарал“ (2017). Поезијата му е објавена на десетина европски јазици. Од 2015 година е дел од европската поетска платформа „Версополис“. Преведува од српски/хрватски/босански на македонски јазик.

Во 2019 ја објавува својата прва збирка раскази „Отсечки стварност“.

1 книга од овој автор: