gjorgji-krstevski

Ѓорѓи Крстевски

Ѓорѓи Крстевски (1981), завршил Руски јазик и книжевност на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ во Скопје. Преведува од руски, англиски, српски и хрватски јазик, а досега превел околу 25 книги. Автор е на  збиркi кратки раскази „Обични и необични приказни“ што излезе во 2011 година за издавачката куќа Темплум.

Негови раскази се застапени во антологијата на македонскиот фантастичен расказ „Тешка ноќ“, во антологијата на млади македонски автори „Ветрот носи убаво време“ и во проектот „Раскази.мк“. Објавува свои дела на разни интернет портали кои ја промовираат уметноста. Освен кратки раскази, пишува и афоризми и поезија. Живее и работи во Скопје.

2 книги од овој автор: