grant-kardon

Грант Кардон

Грант Кардон (1958) е мотивациски лидер, претприемач, меѓународно познат експерт за обука за продажба и инвестирање во недвижни имоти, автор на бестселери на Њујорк тајмс. Редовно се појавува на телевизиските канали ЦНБЦ, МСНБЦ, Фокс њуз и Фокс бизнис. Пишува и прилози за весникот Хафингтон пост. Џоан Риверс неодамна направи прилог за него и за неговото семејство во своето шоу „Како се збогативте толку многу?“ Грант Кардон веќе 25 години работи со компании од целиот свет испорачувајќи им програми за продажба и системи за подобрување на продажните процеси и за зголемување на приходите од продажбата. Има настапувано пред публика во секој поголем град во САД, како и во Канада, Бразил, на Кариби, во Австрија, Англија и Австралија. Неговите методологии се применуваат во бизнисите во Ирска, Русија, Тајван, па дури и во Казахстан. Неговите книги се преведени на многу јазици, меѓу кои германски и кинески. Има свое место на Интернет за виртуелна обука за продажба на автомобили (www.salestrainingvt.com), а подготвува нешто слично и за поединците и компаниите што се занимаваат со продажба (www.cardoneuniversity.com). Грант Кардон се докажал и надвор од очите на јавноста, во светот на реалниот бизнис. Поседува три успешни компании, а сите три ги основал имајќи само идеи, а не и пари, само благодарејќи на својата напорна работа.

2 books by this author: