guillaume-musso

Гијом Мисо

Гијом Мисо (6 јуни 1974) — француски писател. Роден е во 1974 година во францускиот град Антиб. Уште како дете читал многу книги и бил сигурен дека еден ден ќе пишува романи. Неговата прва објавена книга е „Skidamarink“ (2001), трилер кој започнува со кражба на Мона Лиза од Лувр. По тешката сообраќајна несреќа која ја имал, започнува да се интересира за искуствата на луѓето кои биле близу смртта и по тој повод ја пишува својата следна книга „А потоа“ (2004), за човек кој се враќа од мртвите. Книгата е продадена во милиони примероци во Франција, а преведена е на 23 јазици. Во 2009. година, Гијом Мисо беше втор најпродаван автор во Франција, а во 2011. беше трет автор по број на продавани книги од 2008, веднаш по Стефани Мајер и Харлан Кобен. Досега неговите книги се преведени на 34 јазици и продадени се во 11 милиони примероци ширум светот.

4 books by this author: