halelrod

Хал Елрод

Хал Елрод е жив доказ дека секој од нас ја има способноста да ги надмине неповолностите и да го создаде најизвонредниот живот што можеме да го замислиме. На 20-годишна возраст доживеал директен судир предизвикан од еден пијан возач, бил мртов во текот на шест минути, му биле скршени 11 коски, претрпел трајно оштетување на мозокот и му било речено дека никогаш веќе нема да може да оди. Пркосејќи им на логиката на лекарите и на искушенијата да биде жртва, тој станал човек што успеал во бизнисот и влегол во холот на славните, бил тркач на ултрамаратон, повеќекратен автор е на бестселери, хип-хоп уметник, сопруг, татко и меѓународен воведен/мотивациски предавач. Хал го посветува својот живот на тоа да им покаже на другите како да ги совладаат проблемите за да можат да го исполнат неограничениот потенцијал што го има секој од нас. Другиот негов бестселер бр. 1, Прифатете го животот без колебање: како да го сакате животот што го имате додека го создавате животот од вашите соништа – е една од највисоко рангираните и најпознатите книги на Amazon.com. (Прочитајте неколку од рецензиите и ќе видите зошто.)

1 book by this author: