hans-rosling

Ханс Рослинг

Ханс Рослинг е роден во 1948 година, во Упсала, Шведска. Студирал статистика и медицина на Универзитетот Упсала и јавно здравје на Колеџот Св. Џон, во Бангалор, Индија, каде што во 1976 година се стекнал со докторска диплома. Меѓу 1974 и 1984 цели осумнаесет месеци бил дома, на боледување, и се посветил на чување на своите три деца. Од 1979 до 1981 година бил локален лекар во Накала, Мозмбик, каде што ја открил дотогаш непознатата паралитична болест, денес позната под името конзо. Како резултат на понатамошните истражувања на оваа болест, во 1986 година, на Универзитетот Упсала, станал доктор по медицински науки. Од 1997 година Ханс бил професор по меѓународно здравје на Институтот Каролинска, Медицинскиот универзитет во Стокхолм, Шведска. Во своите истражувања тој најмногу се фокусира на поврзаноста меѓу економскиот развој, земјоделството, сиромаштијата и здравјето. Одржал многу предавања, почнал многу заеднички истражувања, а бил и коавтор на учебник за глобалното здравје. Во 2005 година, заедно со својот син Ула Рослинг и снаата Ана Рослинг Ренлунд, ја основал Фондацијата Гепмајндер. Нивната мисија била со слика за светот заснована врз факти да се борат против катастрофалното незнаење. Ханс држел предавања на финансиски институции, корпорации и невладини организации, а неговите десет говори на ТЕД-конференциите имаат повеќе од 35 милиони прегледи. Беше советник на Светската здравствена организација, на УНИЦЕФ и на неколку хуманитарни организации, и коосновач на Лекари без граници во Шведска. За Би-би-си направи и сними три документарни филма: Задоволството од статистиката, во 2010 година, Не паничете – вистината за популацијата, во 2013 година, и Не паничете: како за 15 години да се искорени сиромаштијата, во 2015 година. Ханс беше член на Меѓународната група на Шведската академија за 340 наука и на Глобалната мрежа за распоред на Светскиот економски форум во Швајцарија. Во 2009 година списанието Форин полиси го стави на списокот на 100-те водечки мислители, списанието Фаст компани во 2011 година го прогласи за еден од 100-те најкреативни луѓе во бизнисот, а во 2012 година списанието Тајм го прогласи за еден од 100-те највлијателни луѓе во светот. Ханс и неговата сопруга Агнета Рослинг имаат три деца: Ана, Ула и Магнус. Ханс почина на 7 февруари 2017 година.

1 книга од овој автор: