haruki-murakami

Харуки Мураками

Харуки Мураками, еден од најпознатите современи јапонски и светски писатели, е роден  во 1949 година, во Кјото (Јапонија). Добитник е на повеќе престижни книжевни награди, меѓу кои се и наградата „Франц Кафка“, наградата за кратка проза „Френк О’Конор“, инаку најзначајна меѓународна награда за овој жанр, наградата „Ерусалим“ за слободата на поединецот во општеството, најголемото признание што во Израел им се доделува на странски автори, и наградата „Ханс Кристијан Андерсен“.

Досега, покрај другите, ги објавил и следниве романи: Флипер (1973), Слушни ја песната на ветрот (1979), Авантура во врска со една овца (1982), Закоравената земја на чудата и Крајот на светот (1985), Норвешка шума (1987), Играј Играј Играј (1988), Јужно од границата, западно од сонцето (1992), Хроника на птицата која го навива часовникот (1994), Спутник љубов (1999), Кафка на брегот (2002), Длабоко во ноќта (2004), 1Q84, во три тома (2009), Безбојниот Цукуру Тазаки и неговите години на аџилак (2013); потоа книгите раскази: Повторниот напад врз пекарницата (1993), По потресот (2000), Токиски мистерии (2005) и документаристичката книга Метро (1997/98). Ги има преведено на јапонски Фицџералд, Карвер, Ирвинг, Селинџер и други значајни американски писатели. По повеќегодишните престои во Америка и во Европа, сега живее во Јапонија. Ангажиран е како гостувачки професор на Универзитетите Принстон, Тафтс и Харвард.

Неговите дела се преведени на над педесет јазици.

13 books by this author: