hedvig-montgomery

Хедвиг Монтгомери

Хедвиг Монтгомери (1968) е психологинка и семеен терапевт со повеќе од дведецениско искуство во оваа област. Студирала психологија на Универзитетот во Осло и дипломирала во 1997 година. По дипломирањето, учествувала во изборот на учесници за телевизиски продукции од областа на етиката. Во 2002 година станува управен директор на акционерското друштво „Монтгомери“. Од неодамна, Монтгомери станува дел од Кодексот за родители, каде што им дава совети на семејствата што имаат деца и одговара на прашања поврзани со нивните секојдневни проблеми. Покрај работата како семеен терапевт, Монтгомери одржува семинари за меѓународната организација „Фамлаб“, која ги поддржува и ги едуцира родителите и старателите. Нејзините книги се плод на повеќедецениско истражување и искуство и содржат мноштво мудри совети што им помогнале на родителите низ светот да станат уште подобри во нималку лесната задача, а тоа е воспитувањето на децата.

7 books by this author: