Хилдур Кнутсдотир
Хилдур Кнутсдотир (1984) е родена и порасната во Рејкјавик, Исланд. Завршила книжевност и креативно пишување на Универзитетот во Исланд. Учела шпански во Шпанија и Гватамала, германски во Германија, и мандарински на Тајван. Патувала низ Америка, Европа, Азија. Ги сака книгите, а пишува уште од своите тинејџерски години. Нејзината прва новела, Косење, е објавена во 2011 година, а по неа е објавена Пророштво. Морничавата новела за тинејџери Зимски распуст е објавена во 2015 година. За неа ја има добиено „Четвртата награда“, номинирана е за „Исландската книжевна награда“ и ја има добиено наградата „Книга за деца на градот Рејкјавик“. За Тешката зима, во 2016 г., Хилдур ја доби Наградата за книга на годината. Освен романи за деца , Хилдур се јавува и како авторка на драми, сценарија и кратки раскази. Таа е феминистка и активистка во борбата против климатските промени. Живее во Рејкјавик со својот сопруг и двете ќерки.