Христина Митреска
Jас сум Пескатаријанец, дел од групата вегетаријанци, имам елиминирано се од копнено животинско потекло. Често пати знаам да си направам сама рестрикции од неколку месеци на веганска храна, бидејќи со самата рестрикција го подобрувам моето здравје. Иако постои одредена дебата во вегетаријанската заедница за тоа дали пескатаријанската исхрана треба да се смета за вегетаријанска, за наши цели, ние ја ставаме на списокот!
Сега можам да го споделам моето искуство, патување и вегетаријански начин на живот со сите луѓе кои се борат со ракот, но и со оние кои сакаат да станат поздрави, да ослабат и да се обидат да станат самосвесни за своето тело и ум, токму преку мојата веб -страница vkusnobezmeso.mk.
Основач на веб страна www.vkusnobezmeso.mk