hunter-s-thompson

Хантер С. Томпсон

Хантер С. Томпсон е роден на 18 јули 1937 г., во Луисвил, Кентаки. Само една недела пред завршувањето на средното образование, Томпсон отслужил триесет дена затворска казна поради проблеми со законот, по што се пријавил во авијацијата. Бил страстен вљубеник во спортот и, паралелно со писателската кариера, пишувал спортски колумни. Томпсон е познат како основач на гонзо новинарството, еден вид репортажа во која авторите се вклучуваат себеси во акција до тој степен што стануваат главни фигури во сопствените приказни. За неговото најпознато дело „Страв и гадење во Лас Вегас“ тој тврдел дека е најдобар пример на гонзо новинарството. Романот е филмуван во 1997 г., во режија на Тери Гилијам, со Џони Деп и Бенисио дел Торо во главните улоги. „Ангели од пеколот“ е неговиот прв роман со задоволителен успех, во кој разрешува многу митови и хорор приказни што кружеле за моторџиите. „Страв и гадење: кампањата ’72“ е серијал колумни објавувани во списанието „Ролинг стоун“ кои ја следат претседателската трка на која победува Никсон. Уште еден познат роман на Томпсон е „Дневник на румот“, напишан во 1960-тите, но конечно објавен во 1998 година, откако Џони Деп случајно го пронаоѓа ракописок во архивите на авторот. Томпсон бил познат и по застапувањето и употребата на психоделични дроги и други супстанции за менување на свеста, по ставовите за слобода на волјата и неконформистичката омраза кон власта. Животот го завршува со самоубиство, на 20 февруари 2005 г., во својот дом во близината на Аспен, Колорадо.

1 книга од овој автор: