igor-dzhambazov

Игор Џамбазов

Игор Џамбазов (р. 15 јули 1963) — македонски глумец, забавувач, ТВ водител, музичар, писател, режисер на музички спотови и текстописец. Роден е на 15 јули 1963 во Скопје во семејството на композиторот Александар Џамбазов и глумицата Анче Џамбазова, а како внук на истакнатиот глумец Петре Прличко. По дипломирањето на Академијата за драмски уметности работи во Драмски театар, а подоцна преминува во МНТ. Одреден период тој ја имал можностa да глуми во МНТ додека во него се уште глумеле неговата мајка Анче Џамбазова и неговиот дедо Петре Прличко. Во 2013 издавачката куќа Три произведува нови изданија на книгите „Гол Човек“ (оригинално издадена во 2005) и „Прирачник за Анти Антиалкохоличари“ (оригинално издадена во 2011) и станyва издавачка кyќа за сите понатамошни дела на Игор, почнувајќи со „Приказни од Мјаyкедонија“. За разлика од своите први автобиографски дела, „Приказни од Мјаyкедонија“ е роман пишан од гледната точка на својата мачка Емилија Џамбазова Бавчанска. Следната книга на Џамбазов „Облечен човек“ е промовирана на 15 декември 2014 година, во кафе-барот „Форца“ во Скопје, издадена од издавачката куќа „Три“. Книгата има 250 страници и содржи десет раскази.[9] Промоцијата на романот „Умрен човек“ била одржана на 12 април, 2016 на Саемот на книгата.[10] „Улица Диши длабоко“ е збирка од најпознатите песни напишани или изведени од Игор Џамбазов. Покрај незаборавните блуз-стихови, тука се и забавните описи за инспирацијата и процесот на нивното настанување, како и општествените (не)прилики, интимните исповеди и сите негови (не)згоди и пороци.[11]. Промовирана е на 27 декември 2017 во ресторанот „Вип база“.

7 books by this author: